Арсенал со 70 милиони тргна по украинското чудо, Шахтјор бара 100 милиони

Арсенал сака да го ангажира крилниот фудбалер на Шахтјор, Михаило Мудрик. Според англиските медиуми, лондонскиот клуб понудил 45+25 милиони евра за 21 годишниот фудбалер, но украинскиот тим бара 30 милиони повече.

Михаил сака да се пресели во Арсенал, а „топчиите“ се уверени дека со текот на времето Шахтјор ќе ја намали цената и дека крилниот играч ќе се пресели на „Емирати“.

Мудрик во Украина на 12 меча постигна седум голови и седум асистенции, а го сврте вниманието кон себе со одличните настап ви Лигата на шампионите. Тој е еден од најдобрите млади украински играчи во моментов, и главна цел на Арсенал за зимскиот преоден рок.

Се вчитува...