Арсенал со еден гол го прескокна Челси на табелата

Арсенал славеше со 1-0 на дуелот против Ипсвич во последниот меч од 18. премиерлигашка рунда, сосема доволно за три бода со кои „топчиите“ го прескокнаа Челси на второто место на табелата. Се очекуваше полесна и поубедлива победа на лондонскиот тим, но на крајот како клучен се покажа голот што го постигна Каи Хаверц во првото полувреме на асистенција на Тросар.

Домаќините имаа неколку одлични шанси и во вториот дел, но не успеаја повторн да го матирааат Муриќ. Сепак, Ипсвич беше немоќен да постигне гол за израмнување, па тимот на Артета сосема заслужено стигна до цел плен на овој натпревар.

Во првиот меч од денешната програма Брајтон и Брентфорд ремизираа 0-0. Домаќините имаат за што да жалат ако се земат во предвид шансите што ги имаа на овој дуел, а со голем проблем се соочува и Брентфорд, ако се знае дека првиот голман Флекен заработи незгодна повреда и сега ќе мора да отсуствува извесен период од терените.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...