Арсенал со епски кам-бек до триумф во 98. минута против Бормут, Челси конечно победи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал продолжуваат сигурно да чекорат кон титулата во англиската Премиер-лига откако на неверојатен начин славеа на домашен терен против Бормут со 3-2 по пресврт во натпревар од 26. коло.

Избраниците на О’Нил неверојатно го почнаа натпреварот откако изведоа перфектна акција и по само 13 секунди стигнаа до водство против големиот фаворит. Гостите поведоа со 0-2 со погодокот на Сенеси во 57. минута, но токму овој гол како да ги разбуди домаќините од сонот.

Прво преку Парти во 62. минута намалија на 1-2, додека Вајт во 70. минута израмни на 2-2. Голема победа во борбата за титулата со Сити за „топчиите“ донесе Нелсо во 98. минута.

Фудбалерите на Челси конечно успеаја да победат откако на домашен терен тешко славеа против Лидс јунајтед со минимални 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 53. минута кога Фофана донесе победа за „сините“ од Лондон.

Тотенхем доживеа нов шок откако загуби на гостувањето кај Вулверхемптон со 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 83. минута кога победа за „волците“ донесе Адама Траоре.

РЕЗУЛТАТИ ПРЕМИЕР-ЛИГА 26. КОЛО: 

Арсенал – Бормут 3-2

Челси – Лидс 1-0

Астон Вила – Кристал Палас 1-0

Брајтон – Вест Хем 4-0

Вулверхемптон – Тотенхем 1-0

[deleted by user]
by insoccer

Се вчитува...