Њукасл Јунајтед и Арсенал одиграа драматично дерби на 6. коло во Премиерлигата, натпревар по кој „топчиите“ со голем пресврт стигнаа до презначајни три бода во битката за шампионска титула со гол длабоко во судиското продолжение на второто полувреме.
Волтемоде во 34. минута донесе предност за Њукасл Јунајтед, а предноста на домаќините траеше се до 84. минута кога Мерино изедначи за конечните 1-1. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со реми, на сцена настапи Габриел кој од корнер погоди за 1-2 во 96. минута од средбата.
Со оваа победа Арсенал се врати на второто место на табелата со 13 освоени бодови, сега два помалку од лидерот Ливерпул. Њукасл Јунајтед пак останува на 15. позиција на табелата со само шест бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

