Благодарение на пресвртот, Арсенал успеа да слави победа над Брентфорд на гостински терен. „Топчиите“ веднаш се стекнаа со негатива, меѓутоа до крајот на полувремето се вратија, а во вториот дел со уште два гола дојдоа до победа, и одлично ја почна годината.
Домашниот тим со голот на Мбуемо во 13. минута успеа да стигне до предност. Меѓутоа Габриел Жесус во 29. минута од средбата израмни.
Мерино во 50. минута донесе прво водство за Арсенал, а за само три минути Мартинели стави печат на победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА