Арсенал со убедлив триумф го доби лондонското дерби со Тотенхем (ВИДЕО)

Со дерби мечот меѓу Арсенал и Тотенхем денеска се отвори 9-то коло од англиската Премиер-лига. „Топџиите“ одиграа уште еден извонреден натпревар, славејќи со високи 3-1.

Домаќините во целост доминираа од стартот на овој меч, а Томас Парти со одличен удар од далечина ја затресе мрежата на гостите во 20. минута.

Следни на сцена беа „петлите“, кои како од зимски сон по приманиот гол конечно се разбудија и почнаа да играат фудбал. По само 10 минути игра, Хари Кејн ја анулираше предноста на домаќините за 1-1, резултат со кој се замина на пауза.

Домаќините и вториот дел го отворија први, овојпат преку Габриел Хесус во 49. минута. Емерсон Ројал по еден физички конфликт доби црвен картон во 62. минута, што предизвика нов проблем за Антонио Конте. Предноста со играч повеќе Арсенал ја искористи веќе во 67. минута, кога Гранит Џака стрелаше прецизно за конечни 3-1.

По ваквиот исход тимот на Артета останува на врвот од Премиер-лигата со 21 освоен поен.

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...