Англискиот премиер-лигаш Арсенал тргнува по потписот на ѕвездата на Лестер, Џејмс Медисон, пренесуваат британските медиуми. Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета сака да ја засили средината, а како идеален за оваа позиција го гледа фудбалерот на Лестер кој игра одлично во последните неколку сезони.
24-годишникот има актуелен договор со „лисиците“ до 2024 година, што значи дека Арсенал ќе мора да издвои голема сума на пари доколку сака да го доведе во своите редови. Медисон во Лестер стигна во 2018 година. Оттогаш за тимот забележа 98 настапи на кои постигна 21 гол, а минатата сезона го освои и ФА купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА