Арсенал тргнува по потписот на Каи Хаверц

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Каи Хаверц е на мета на уште еден голем клуб од Лондон.

Како што пренесува секогаш добро информираниот новинар Фабрицио Романо, лондонските „топчии“ започнале преговори за трансфер на Каи Хаверц по позитивните контакти со играчот, откако наводно му се допаднала идејата да го облече дресот на Арсенал.

Челси бара околу 75 милиони фунти за Хаверц, но Арсенал не сака да ја плати таа сума.

Претходните денови се споменуваше можноста германскиот фудбалер да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, но во меѓувреме Шпанците го доведоа Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

Според Фабрицио Романо, приоритет на Арсенал и понатаму е капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс.

Се вчитува...