Арсенал и сезонава се бори за највисок пласман во Премиер-лигата, но на „топчиите“ им стана јасно дека згрешија што во текот на летото не донесоа врвен голгетер во своите редови, верувајќи дека со Каи Хаверц како „деветка“ ќе можат да се искачат на тронот на англискиот фудбал.
Грешката е увидена и Арсенал сака веќе во јануари да доведе нов голгетер, но проблем е што оние најактративни имиња тешко дека ќе ги сменат клупските бои пред завршување на оваа сезона. На врвот на листата со желби на Микел Артета се наоѓа Александер Исак, извонредниот голгетер на Њукасл. Швеѓанецот одбива да потпише нов договор со „црно-белите“ за да го натера клубот да даде зелено светло за негов трансфер, но проблем е што Њукасл инсистира на отштета од 100 милиони фунти, додека буџетот на Арсенал за овој трансфер нема да смее на надмине 80 милиони фунти.
Поради ова, „топчиите“ сериозно разгледуваат и други опции на пазаров, пред се Шешко од Лајпциг, кој има клаузула за заминување во висина од 60 милиони евра, но во текот на летото 2025. Се следи и ситуацијата на Душан Влаховиќ во Јувентус, Србинот не се снајде најдобро кај Тијаго Мота, а доколку Циркзе навистина дојде од Јунајтед зимава, лесно може да се случи италијанскиот гигант да даде зелено светло за Влаховиќ да се пресели во Премиер-лигата (се шпекулира со сума од 60 милиони фунти).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА