Арсенал не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и има крајно ограничен буџет за летни засилувања, а менаџерот Унаи Емери сака сите пари да ги потроши на само еден фудбалер. Вилфрид Заха, напаѓачот на Кристал Палас е негова желба и подготвен е да плати 45 милиони фунти за да го доведе во лондонскиот клуб. Но, прашање е дали овие средства ќе бидат доволни за тој да добие дозвола за трансфе.
Според англиските медиуми, Кристал Палас бара 55 милиони фунти за да го продаде Заха. Тој од 2013 до 2015 година беше дел од Манчестер Јунајтед, но не успеа да се наметне и повторно се врати во редовите на Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА