Арсенал цел месец без важен првотимец

Микел Артета се соочува со сериозен проблем во пресрет на клучниот дел од сезоната откако Еберечи Езе заработи незгодна повреда на реваншот од ЛШ против Баер Леверкузен, за која деталните прегледи покажаа дека е од посериозна природа.

Најпрвин Фудбалската Асоцијација објави дека Езе нема да може да настапи за Англија во мартовски контроли за мундијалот, за денеска да пристигне информација од таборот на Арсенал, дека овој одличен офанзивец ќе мора да отсуствува најмалку еден месец од терените.

Лекарскиот тим прогнозира дека паузата ќе изнесува меѓу четири и шест седмици, што значи дека Езе ќе ги пропушти двете средби од четвртфиналето во ЛШ против Спортинг Лисабон, но и премиерлигашкото дерби со Манчестер Сити кое може да биде клучно во трката за титулата.

Се вчитува...