Арсенал удри на засилувања: Газидис во Дортмунд, го купува Обамејанг

Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе пазари ’на големо’ во овој зимски преоден рок. Од „Емирати“ заминува Алексис Санчез кој се пресели во Манчестер јунајтед, но во мегаразмената во Арсенал ќе пристигне Хенрик Мхитарјан. Сепак, тоа не е се од „топчиите“. Следната цел е Пјер – Емерик Обамејанг.

Германските медиуми објавија информација дека извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис, пристигна во Дортмунд, каде ќе води завршни преговори за ангажманот на Габонецот. „Топчиите“ понудија 50 милиони евра отштета кон германскиот бундеслигаш, но Борусија Дортмунд сака 10 милиони евра повеќе за д му дозволи на Обамејанг да се пресели во Англија. На преговорите присуствува и самиот фудбалер, иако според некои информации тој веќе ги договорил личните услови за да потпише за Арсенал.

 

Се вчитува...