Арсенал во голем стил до следна фаза во ФА Купот (ВИДЕО)

Со убедливи 4-0 Арсенал го совлада тимот на Виган во 1/16 финалето на ФА Купот. На домашен терен за само 16 минути, „топчиите“ го решија прашањето околу победникот и пласманот во следната фаза.

Мадуеке во 11. минута на асиснтеција на Езе го отвори резултатот. Езе асистираше и за вториот гол кој беше дело на Мартинели во 18. минута. Во 23. минута Арсенал зголеми на 3-0 со автоголот на Хант. На 4-0 зголеми Жесус во 27. минута.

Во следната фаза се пласираа и Лидс, кој после пенали го совлада Бирмингем. Вулверхемптон на гостински терен го победи Гримзби. Сандерлен славеше на гостувањето кај Оксфорд, додека Фулам со 1-2 го порази Стоук.

Се вчитува...