Арсенал во јануари го продава Гранит Џака

Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе го продаде довчерашниот капитен Гранит Џака, кој направи скандал со фановите, го соблече дресот и замина во соблекувалната на ремито (2-2) против Саутемптон. По ова, одземена му е капитенската лента, а многу веројатно дека клубот ќе инсистира и да си замине во зимскиот преоден рок.

„Му ја соопштив одлуката дека веќе не е меѓу капитените на тимот, тој ја прифати и животот оди понатаму. Тој не е во составот за следниот меч, но тренира со нас секој ден без никаков проблем. Ќе треба со него да одиме полека, а најважен е интересот на Арсенал“, изјави менаџерот Унаи Емери.

Гранит Џака има актуелен договор со Арсенал до 2023 година.

 

Се вчитува...