Aрсенал во меч со пет гола славеше против Челси во Лига купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал славеа на гостувањето кај градскиот ривал Челси со 2-3 во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во англискиот Лига куп.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Вајт во 7. минута. На 0-2 зголеми Ѓокереш во 49. минута. Алехандро Гарначо намали на 1-2 во 57. минута, додека ново водство од два гола за гостите донесе Зубименди во 71. минута.

Алехандро Гарначо со својот втор гол во 83. минута ги постави конечните 2-3.

Chelsea 1 – [3] Arsenal – Martin Zubimendi 71‎'‎
byu/gbogaz insoccer

 

 

Се вчитува...