Арсенал во „невозможна мисија“ по потпис на аргентинската ѕвезда

Арсенал сака дополнително да го засили својот напад, а прва трансфер мета е Хулијан Алварез, аргентинската ѕвезда која со успех настапува за Атлетико Мадрид.

Алварез има богато искуство со настапите во Премиерлигата каде во минатото го носеше дресот на Манчестер Сити, но издејствува трансфер во „граѓанските“ редови поради незадоволството со животот во Англија.

Фактот дека тој ужива во Шпанија, а воедно и е трансфер желба на Барселона ја прави трансфер мисијата на Микел Артета „невозможна“. Не се исклучува ниту можноста лондонскиот клуб да го испрати Габриел Хесус во Мадрид како дел од овој трансфер, се со цел да се забрзаат преговорите за Алварез да дојде на „Емирати“.

Се вчитува...