Јасно е дека Флорентино Перез во Реал Мадрид сака да ги има најдборите играчи на Светот, но тоа не значи дека од некои не е подготвен и да се откаже. Во случај на добра понуда, Реал може да продаде и некој играч, особено од оние кои не се стартери.
Во таа група е и Едуардо Камавинга. Играчот е посакуван од Арсенал, кој е подготвен да извади 110 милиони евра, да го види во своите редови. Меѓутоа Реал Мадрид тешко ќе се откаже од него, со оглед дека игра во средниот ред, а таму „кралевите“ би можеле да имаат проблем по пензионирањето на Лука Модриќ и на Тони Крос, кои се веќе во зрели фудбалски години.
Но, од Арсенал се надеваат дека најголеми адути е тоа што му нудат да игра во најсилното првенство на светот, и тоа што ќе му понудат далеку поголема минутажа од онаа во Реал Мадрид. „Топчиите“ сметаат дека доколку Камавинга не игра како стартер на дуелот со Манчестер Сити, тогаш шансите за негов ангажман на „Емирати“ растат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА