Арсенал во паника, Обамејанг не сака да си оди!

Иако се очекува набрзо да се реши иднината на фудбалерот, Пјер Емеринк Обамејанг, кој е избришан од списокот на тренерот Микел Артета, сепак, челниците на Арсенал се во паника дека Габонецот нема лесно да си замине од „Емирати“ доколку не успее да најде клуб што ќе му ги задоволи големите финансиски апетити.

Арсенал сака да се ослободи од неговата висока плата и најверојатно ќе прифати било каква понуда за да го испрати на позајмица или да го продаде.

Барселона и Јувентус се главните конкуренти за неговиот потпис. Минатата недела понуда испрати и Ал Хилал од Саудиска Арабија, но, репрезентативецот на Габон не сакаше да ја прифати.

Се вчитува...