Арсенал без проблеми обезбеди место во четвртата рунда натпревари од ФА Купот откако славеше на гостувањето против Оксфорд со 0-3.
По мирното прво полувреме без голови, „топчиите“ се „распукаа“ во последниот половина час кога и дојдоа до неопходната победа.
Најпрво во 63. минута Елнени донесе предност за 0-1, а потоа два гола постигна Нкетиах во 70. и во 76. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА