Арсенал заигра страшно – Тотенхем торпедиран за едно полувреме

Арсенал потсети на своите славни денови откако во денешното лондонско дерби за едно полувреме го декласираше Тотенхем со 3-1. „Топчиите“ одиграа фуриозни 45 минути во кои ја наполни мрежата на Љорис, предност што избраниците на Артета умешно ја задржаа до самиот крај.

Младиот Сака беше клучен играч на Арсенал, одлично асистирајќи до Смит Роу за водечкиот гол на овој натпревар. Обамејанг зголеми на 2-0, а фијаското на Тотенхем беше комплетирано кога Сака одлично се снајде за самиот да ја затресе мрежата на „спарси“.

Арсенал подзастана во вториот дел, препуштајќи му ја иницијативата на противникот. Тотенхем на крајот успеа да го претвори поголемиот посед на топката во почесен погодок, откако Хари Кејн имаше две убави шанси, но не успеа да го совлада голманот Рамсдејл. За разлика од Кејн, Сон се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и со погодокот на асистенција на Регуилон го ублажи поразот на Тотенхем на оваа градска пресметка.

Се вчитува...