Арсенал заостанува девет бода зад лидерот на табелата во Премиерлигата, Ливерпул по ремито против градскиот ривал Челси од 1-1 во 11. коло.
Голем проблем за формата на „топчиите“ се повредите кои го спречија тимот да настапи со полн „арсенал“ од самиот старт на сезоната. За тоа говореше и Микел Артета кој вели дека се моли по репрезентативната пазуа на располагање да ги има сите фудбалери.
„Не можеме да направиме ништо во врска со тоа. Се молам дека по интернационалната пауза целиот тим ќе биде физички подготвен. Живееме во ноќна мора веќе осум недели. Неизвесност по неизвесност, проблем по проблем и тоа не само со оние играчи кои не се во можност да играат, туку и оние кои можат да настапат само во одредени моменти“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА