Филип Арсеновски водеше тешка битка на линијата од шест метри, но македонскиот пивот добро се снајде постигнувајќи четири погодоци на дуелот со Бразил. Тој не го криеше задоволството по големата победа, истакнувајќи дека нашите младинци подготвени ќе влезат и во дуелот со Алжир, кој ќе се игра пред полна сала со огромна поддршка за домашната селекција.
„Одигравме еден натпревар кој беше исцрпувачки за нас, со многу осцилации во играта и пресврти, но на крајот се испадна добро и мечот заврши како што посакувавме, во наша полза и со пласман во осминафиналето. Наредниот натпревар ни е против домаќинот Алжир, предизвик е да играме пред толку многу публика. Ние дефинитивно ќе се потрудиме, ќе го дадеме максимумот. Во текот на денешниот ден ќе ги анализираме, ќе ги гледаме нивните средби и очекувам да одиграме квалитетен меч и в среда“ – изјави Арсеновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА