Аршавин ќе се врати како функционер во Зенит

Поранешниот руски фудбалски репрезентативец Андреј Аршавин ќе се врати во Зенит како функционер. Тој пред еден месец стави крај на богатата кариера, а ќе почне да работи во младинската академија на клубот. На почетокот на следната седмица треба и официјално да почне со работа на новата функција.

Аршавин е дете на Зенит, и двапати се враќаше во клубот како фудбалер. За тимот од Санкт Петербург одигра вкупно 283 натпревари и постигна 77 гола. Кариерата ја заврши во казахстанскиот Каират, а најголемиот подем го имаше како член на Арсенал во Премиер – лигата.

 

Се вчитува...