Аршавин смета дека руското првенство треба да се врати во формат „пролет-есен“

Руското првенство порано се играше во системот „пролет-есен“, односно почнуваше во февруари/март, се играше преку целата година, и завршуваше во ноември. Според легендата на рускиот фудбал Андреј Аршавин, сега има супер шанса повторно да се врати во тој формат.

„Сегашната ситуација е најдобра шанса да се вратиме на форматот „пролет-есен“, по услов да не играме во европските натпреварувања. Да започнеме во лето, да играме година и пол, и потоа да си се вратиме на системот пролет-  есен од 2024 година“, изјави поранешниот руски репрезентативец кој е заменик генерален директор на Зенит.

Руското првенство се играше низ целата календарска година до 2010 година, по што се помина на есенски и пролетен дел од сезоната 2011/2012. Зенит во овој актуелен формат има пет титули, најмногу од сите, а по една имаат Спартак и Локомтив, додека три пати со круната се закитуваше ЦСКА Москва.

Се вчитува...