Српскиот голман Дарко Арсиќ го напушта Металург и се враќа во редовите на Металопластика. Според информацијата објавена на порталот „balkanhandball.com“, 29-годишниот српски голман во Шабац стигнал како слободен играч и со Металопластика потпишал договор до крајот на сезоната.
На полусезоната од Металург си замина и пикерот Костадин Петров. Тој сезоната ќе ја заврши во дресот на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА