Арсим Етеми поразен на „Белградски победник 2019 “, Џан Демиров настапува денеска

Македонскиот боксерски репрезентативец Арсим Етеми, загуби од Ван Дер Пас- Макс од Холандија со прекин во втората рунда на 57. издание на „Белградски победник 2019“. Тој настапи во категоријата до 75 кг.
Ова е трет пораз на нашите боксери на овој престижен турнур на кој настапуваат над 100 боксери од речиси 30 земји. Последен наш претставник на турнирот кој ќе настапи денеска е Џан Демиров во категоријата до 52 кг. против Иштван Шака од Унгарија. Доколку Демиров забележи победа  ќе обезбеди полуфинале на турнирот.

Се вчитува...