На последниот ден од годината, второлигашот Арсими ангажираше две нови имиња, во обидот да обезбеди пласман во прволигашката конкуренција. Така нови аквизиции за тимот од Чегране се Малиќ Бељуљи и Стојан Стојчевски.
Бељуљи досега настапуваше за екипата на Беса. Но, со оглед дека оваа сезона настапи само на два натпревари, играчот за врска се раздели од овој клуб, и се пресели во Арсими.
Стојчевски во Арсими доаѓа од тимот на Еуромилк, каде настапуваше во последната година. Искусниот стопер во минатото го носеше дресот на многу клубови во прволигашката конкуренција, меѓу кои Вардар, Работнички, Силекс, Хоризонт Турново, Гостивар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА