Прволигашот Арсими ги промовираше Џелил Абдула и Фахид Бајо како свои нови засилувања за пролетниот дел од сезоната во елитното друштво.
Напаѓачот од Уганда, Фахад Бајо доаѓа на позајмица од редовите на Вардар каде не успеа да се наметни за стандардно место во првиот тим. Претходно во својата кариера има настапи за бројни клубови од Африка и Европа., како Пролајн,Буилдкон, израелските Ашдод и Бнеи Сахнин, но и МФК Вишков.
Дефанзивата, пак, е засилена со искусниот прволигашки фудбалер Џелил Абдула кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП.
Абдула претходно настапуваше за Шкендија, Ренова, Скопје и Гостивар во македонското првенство, но има и интернационално искуство во холандски Де Графшап и германски Дуисбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

