Арсими, по тешкиот пораз од Вардар, на победа во Струмица

Арсими посакува победа и против Брера во 7. коло од Првата Лига кој носи интересен дуел во Струмица. По тешкиот пораз од Вардар желбата на фудбалерите на Арсими е во Чегране да се вратат со три бода.

„По поразот дома од Вардар, сакаме јавно да им се извиниме на публиката и на сите наши верни навивачи кои не поддржуваат на секој натпревар. Знаеме дека очекувањата беа големи и дека тој пораз донесе разочарување, но како екипа решени сме да дадеме се од себе на теренот за да постигнеме подобри резултати“ – вели  фудбалерот од средниот ред, Џемил Јахији.

Тој додаде дека тимот е максимално фокусиран за дуелот во Струмица вети дека екипата ќе даде максимумот на секоја нареден натпревар.

„Против Брера ќе влеземе мотивирани и со единствена цел – позитивен резултат. Ветуваме дека ќе се бориме до крај на секој натпревар, за да последниот пораз остане само заборавено минато. Благодариме за поддршката и довербата, одиме по победа и нови 3 бода“ – изјави на крајот Јахији.

Натпреварот меѓу Брера и Арсими ќе се одигра на стадионот во Струмица, во 15:30 часот.

ПМФЛ – 7. КОЛО

ДЕНЕСКА (понеделник, 15:30 ч.)

Струмица: АП БРЕРА – АРСИМИ 

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА 

ПРЕТХОДНО

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 3-1

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

ВТОРНИК (23.09 – 15:30 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 

Се вчитува...