Арсими промовираше пет нови имиња во еден ден, меѓу нив и Бобан Георгиев

Второлигашот Арсими од Чегране, денеска промовираше пет нови имиња во своите редови. Меѓу нив и фудбалерот со интернационално искуство Бобан Георгиев кој во следниот период ќе настапува за „жолто-црните“.

Георгиев доаѓа од Пелистер, а зад себе има големо интернационално искуство откако играше за Воска, Брегалница, Силекс, Металург, а во странство натапуваше во Леотар и Борац Бања Лука од БИХ, како и за Радник Сурдулица во Србија.

Арсими денеска во своите редови го врати и Џезаир Авдули. Авдули се враќа во редовите на Арсими од Шкупи, и ќе игра како позајмен играч. Освен нив двајца, Арсими ги ангажираше и младите Албан Шабани, Алтин Зибери и Шабан Мемети.

Се вчитува...