Екипата на Арсими продолжува да ги засилува своите редови, за дебитантскиот настап во ПМФЛ идната сезона. Тимот од Џегране го потпиша и Башким Велија, кој минатата сезона настапуваше за Беса.
Станува збор за искусен 31-годишен десен бек, кој има и интернационално искуство играјќи во албанскиот тим Лачи. Настапуваше и за двата тетовски клуба Ренова и Шкендија.
Велија е шестото засилување за Арсими после Армин Бесагиќ, Леонид Игнатов, Амер Дрљевиќ, Габриел Тенлеп и Мирнел Хуриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

