Арсими се засили со интернационалец од Босна и Херцеговина

Новиот македонски фудбалски прволигаш Арсими, претстави уште едно засилување пресрет првата историска сезона во ПМФЛ.

Се работи за интернационалецот од Босна и Херцеговина, Амер Дрлјевиќ кој доаѓа од редовите на Игман Коњиќ.

„Со задоволство го најавуваме најновиот трансфер во нашиот клуб, капитенот на Игман Коњиќ, дефанзивецот Амер Дрјлевиќ! Босанецот доаѓа како важно засилување за нашиот тим од босанската елитна лига, поточно од тимот на Игман Коњиќ. 
Со своето искуство и квалитети, веруваме дека ќе донесе стабилност на теренот. 
Тој е централен дефанзивец, висок 1,90 метри, кој целата своја кариера ја поминал во Босна и Херцеговина“, стои во соопштението на Арсими. 

Се вчитува...