Фудбалерите на Арсими во неверојатен меч со шест гола успеаја во последните десет минути да анулираат негатива од два гола и да слават со 3-4 на гостувањето кај Тиквеш во меч од 10. коло од новата сезона во ПМФЛ.
После мирниот почеток на натпреварот, Садик во финишот на првиот дел со два гола го донесе домашниот тим до убедливо водство.
Садик по убава акција најпрво го совлада голманот Исљами, а потоа истиот играч со глава успеа да го совлада по втор пат голманот Исљами, откако топката се одби од стативата и заврши зад гол линијата.
Во вториот дел гостите намалија на 2-1 преку Шефити во 48. минута. Ивановски донесе нова предност од два гола за домаќинот 3-1 во 54. минута. Во 84. минута Шефити намали на 3-2, а само три минути подоцна истиот фудбалер израмни на 3-3. Голема победа за гостите донесе Таипи во 94. минута.
Во вториот меч од денешната програма Башкими ја оправда фаворитската улога против Шкупи славејќи со 4-1. Алексовски донесе предност за кумановскиот тим, а потоа Симоновски донесе 2-0. Шкупи намали од пенал преку Шуку, а Авронијо пред самиот финиш на првиот дел успеа да постигна уште еден гол за 3-1. Конечните 4-1 ги постави Хаџиќ во 54. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

