Арсими излезе како победник од дуелот со Башкими (4-2) со кој беше отворено 12. коло од ПМФЛ, за три бода со кои домашниот тим уште повеќе се оддалечи од дното на табелата. За Башкими ова беше прв меч по неочекуваната смена на тренерот Муарем, очигледен беше падот во играта на кумановци кои сосема заслужено го загубија убедливо овој натпревар.
Домаќините имаа целосна доминација во првиот дел, заминувајќи на одмор со 2-1, но и притоа промашувајќи неколку одлични шанси за погодок. Резултатот во 36. минута го отвори Таипи, две минути подоцна на спротивната страна израмни Мемети, но тоа беше се што кумановци успеаја да сторат на овој натпревар.
Победникот беше решен кога Шефити во 63. минута зголеми на 3-1, истиот играч стави печат на победата со четвртиот гол за Арсими, пред гостите во последните секунди да го ублажат убедливиот пораз преку Аворнијо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

