Сосема неочекувано, екипата на Шкупи денеска остана без шеф на стручен штаб откако Џихат Арслан се реши да го напушти тимот од Чаир.
Според информациите од клубот, Арслан поради семејни причини бил принуден да се врати во својата родна земја и да биде во близина со семејството.
„Раководството на клубот, играчите и целиот стручен штаб му се заблагодаруваат на тренерот Арслан за досегашниот придонес, и му посакуваат понатамошни успеси. Раководството веќе почна разговори со потенцијални тренери за замена за Арслан“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

