Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Џихад Арслан, очекува добро издание на својот тим во обид да го изненади Левски на утрешниот реванш од Конференциската лига на УЕФА.
Македонскиот тим и покрај солидното издание на првиот меч загуби со 0-2 во Скопје, шансите за пласман во следната рунда се сведени на теорија, но Арслан јасно стави до знаење дека неговиот тим е дојден без бело знаме во Софија.
„Не е лесно да играте кога ќе загубите со 0-2 дома, но ние не дојдовме во Софија на екскурзија. Ќе направиме се што можеме да се претставиме добро, за себе и за македонскиот фудбал. Дознавме дека се случувале лоши работи во Скопје, тоа не е добро. Не сакаме такви работи во фудбалот. Сакавме и нашите фанови да бидат тука, но за жал тоа нема да се случи“, изјави Арслан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА