Арслани: Во генерацијата до 18 години има потенцијал кој допрва ќе дојде до израз

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години, по несреќниот пораз од Украина во првото коло на интернационалниот турнир во Чешка, во второто коло славеше против Словачка со 3-2.

Играта и резултатот на задоволство на селекторот Шкумбин Арслани…

„Сакам да им честитам на фидбалерите за победата. Покажаа карактер по оној несреќен пораз од Украина. Одиграа храбро, пожртвувано и заслужено победија на овој натпревар. Оваа екипа има потенцијал, кој допрва ќе дојде до израз“ – вели селекторот Шкумбин Арслани.

Се вчитува...