Артата пред Реал Мадрид: Ова е најголем натпревар во мојата кариера

Тренерот на Арсенал, Микел Артата пред утрешниот прв четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите говореше за медиуми изнесувајќи интересни одговори.

Шпанскиот стратег дуелот против актуелниот шампион го опиша како „најголем момент“ во својата кариера, а откри и што е потребно да неговите „топчии“ на крајот на средбата да имаат поволен резултат.

„Ова ќе биде една од најголемите вечери во мојата кариера. Задоволство е да се подготвувам за ваков натпревар. Поради вакви моменти влегов во фудбалот и во тренерската професија. Поминаа 20 години откако Арсенал играл ваков натпревар. За нас ова е фантастична можност да создадеме сопствена историја. Затоа сме тука.

Кога ќе започне натпреварот, треба да има единаесетмина фудбалери и 60.000 навивачи кои ќе веруваат дека можеме да победиме. Тоа е она што го барам. Останатото е да бидеме истиот тим од последниот квартал од сезоната, со се што не снајде и што успеавме да надминеме. Тоа е нашата најголема сила. Мислам дека заслужуваме да сме тука.

Но, мора да го заслужиме повторно и утревечер. За да го сториме тоа, ни требаат нашите навивачи. Фактот што сме стигнале до оваа фаза само двапати во последниве 15 години, со оглед на големината на Арсенал, доволно зборува колку е тешко. Ние ќе ја создадеме нашата историја и ќе одиме дури и понатаму. Утрешниот натпревар е совршена шанса за тоа“, изјави Артета.

Се вчитува...