Артета: Ајде да продолжиме каде што застанавме пред СП во Катар

Микел Артета има причина да биде горд од настапите на своите фудбалери во првиот дел од сезоната, откако Арсенал ги изненади сите со фантастични игри, остварувајќи предност од пет бода во однос на шампионот Манчестер Сити на врвот на премиерлигашката табела.

„Топчиите“ во првиот меч по мундијалската пауза утре вечер ќе го пречекаат градскиот ривал Вест Хем, меч за кој Артета ги предизвика своите фудбалери да продолжат со добри игри како пред СП во Катар.

Она што е моја голема желба е да продолжиме онаму каде што застанавме прд мундијалот. Покажавме одлични игри, особено на дуелите со најголемите противници, а она што особено ме импресионираше беше зрелоста на мојот млад тим, кој успеа да одигра во континуитет тешки натпревари и да забележи победи. Јасно ни е дека вистинските предизвици допрва следат и затоа е многу важно од самиот почеток на ова продолжение на сезоната да бидеме на висина на задачата“, истакна Артета.

Главен предизвик ќе биде да се најде начин да се победува без Габриел Жезус, кој ќе отсуствува три месеци по повредата заработена на СП во Катар.

Се вчитува...