Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја освои титулата пред почетокот на новата сезона.
Лондонските „топчии“ завршија на второто место три пати во претходните три сезони. Прво, двапати беа зад Манчестер Сити, а минатата сезона зад Ливерпул.
„Ако веруваш во нешто што го правиш, еден ден ќе ја постигнеш својата цел. Може да биде и фигуративно: Ако продолжиш да копаш и да бидеш упорен, еден ден ќе стигнеш до златото. Тоа е она што ме учеа целиот мој живот. Ако ја погледнете математиката, собравме повеќе бодови од кој било друг тим во лигата во последните три сезони, а тоа многу кажува за нашата конзистентност. Сега само треба да го направиме тоа во една сезона“, рече Микел Артета.
Арсенал новата сезона ја почнува со госитнски натпревар кај Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

