Арсенал покажа голем квалитет на пријателските натпревари во рамки на турнејата за подготовки, посебно откако ја разнесе Севилја со шест гола од кои четири за девет минути на „Емирејтс купот“.
Габриел Жесус осоено доминираше, најавувајќи многу голови откако даде седум во предсезоната, но менаџерот Микел Артета сѐ уште не го комплетирал тимот кој го посакува.
„Сакам да го искористиме максимално ова лето, ако пазарот ни дозволи ќе донесеме уште две засилувања. Сакам совршен баланс на екипата и спроведен комплетниот план кој беше зацртан на почеток на летово. Дали ќе успееме или не, тоа е друга приказна, а и не зависи само од нас“, рече Артета.
„Топчиите“ летово после Барселона и Баерн се третиот гигант со најмногу потрошени пари за нови фудбалери. Арсенал издвои 141 милион евра за да ги купи Жесус и Олександер Зинченко од Манчестер сити, офанзивниот фудбалер за врска Фабио Виеира, голманот Мат Тарнер, како и крилото Маркињос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

