Артета: Арсенал е среќен што го има Џака, а за негово заминување…

Веќе неколку дена во англиските медиуми се шпекулира за заминување на Гранит Џака од тимот на Арсенал, и негова преселба во Бундеслигата во Баер Леверкузен.

Денеска менаџерот на „топчиите“ Микел Артета зборуваше за неговата иднина. Тој кажа дека е среќен што има таков играч во тимот, и се надева дека ќе остане дел од Арсенал.

„Нема да одговорам за шпекулациите кои излегуваат за Џака и негово заминување. Јас сум многу среќен што го имам, тој има одлична сезона. Ова е неговата најдобра сезона откако е во клубот. Многу сме среќни што го имаме во нашипт тим“, рече Артета.

Се вчитува...