Артета бесен: Не можам да поверувам како лажат за мене…

Микел Артета гласно потврди дека сите негови планови за иднината се поврзани со Арсенал, демантирајќи ги гласините дека е подготвен летово да го напушти лондонскиот клуб и да се пресели на клупата на Барселона.

Каталонскиот весник „Спорт“ синоќа излезе со сензационална вест дека Артета ќе го напушти Арсенал за Барса, тоа беше демантирано од луѓе блиски до шпанскиот стратег, за денеска и тој самиот да проговори на истата тема.

„Искрено, бесен сум и разочаран. Не можам да поверувам како можат да пишуваат такви работи, да лажат за мене, да не наведат никаков извор и да измислуваат лаги иако со нив може да повредат одредени луѓе. Тоа беше лажна вест и ништо повеќе. Јас сум на вистинското место, опкружен со вистинските луѓе околу себе и не размислувам за ништо друго освен за Арсенал. Не сме задоволни, знаеме дека можеме уште подобро и ќе направиме се за уште повеќе да напредуваме во периодот што следи“, изјави Артета.

Се вчитува...