Доколку не успее да ја освои титулата во Премиерлигата, Микел Артета сигурно ќе добие отказ од таборот на Арсенал. Навивачите веќе долго време чекаат трофеј, оваа сезона се чинеше дека чекање ќе заврши, но завршницата на сезоната влегува во драма, со оглед дека Манчестер Сити на крајот може да им ја „украде“ титулата.
Артета би го спасил и трофеј во Лигата на шампионите, но таму предизвикот е далеку потежок, а англиските медиуми веќе почнаа со шпекулации кој би можел да го замени во случај на уште едно фијаско кога станува збор за освојување на трофеи.
Неколку медиуми во Шпанија тврдат дека доколку се случи Артета да се стекне со статус „поранешен“, тогаш на клупата би требало да го замени Цеск Фабрегас. Фабрегас е поранешен играч на Арсенал, а како тренер му оди одлично со Комо, со кого е на праг да излезе во Лигата на шампионите. Токму тој е прв фаворит доколку се случи Артета да доживее неуспех и да не освои ниту еден трофеј сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

