Арсенал загуби од Њукасл со 1-0 во вчерашниот натпревар од Премиерлигата, со крајно сомнителен погодок кој беше прегледуван од ВАР, па на крај беше признаен.
ВАР разгледуваше дури три ситуации, но на крај утврди дека топката не излегла од терен, не било офсајд ниту прекршок, па судиите го признаа голот.
Но, поради сето тоа менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ги загуби нервите јасно порачувајќи дека му е срам што е дел од бруката наречена Премиерлига.
„Ова е срамно. Резултатот не треба да биде тој со кој заврши мечот. Како е можно голот да биде признаен и тоа во Премиерлигата за која велиме дека е најдобра во светот. 20 години сум во оваа земја и сега се срамам. Неверојатно. Мене ми е срам што овој гол е признаен. Ова не е гол, ова е нешто мачно со кое мора да се соочиш. Мачно ми е што сум дел од сето ова“ – истакна Артета по вчерашниот дуел со Њукасл.
Анализите покажаа дека топката не беше излезена надвор од терен при постигнатиот гол, но останатите две ситуации, со офсајдот и прекршокот, и тоа како се проблематични. Па, не е чудо што Артета беше бесен по натпреварот.
🚨🚨 BeiN Sports’ technology reveals that the ball did not go past the line for Newcastle’s goal. #NEWARS pic.twitter.com/ueRklBWpXT
— The Football News (@news_footballHQ) November 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

