Управата на Арсенал му ветила на Микел Артета најмалку две квалитетни засилувања во зимскиот преоден рок, а шпанскиот стратег планира тимот да почне да го гради со зацврстување на одбранбената линија.
Токму затоа, се очекува прво засилување на Артетакако стратег на Арсенал да биде Давот Упамекано, 21-годишниот дефанзивец на Лајпциг, кој сезонава имаше низа фантастични партии како во Бундес-лигата, така и во Лигата на шампионите. Тој има уште 18 месеци до истекот на договорот и воопшто не сака да преговара за негово продолжување, отворено изразувајќи желба да замине во друг клуб.
Токму поради ова, „топчиите“ се надеваат дека ќе го убедат Лајпциг на соработка нудејќи 40 милиони евра за ангажманот на Упамекано. Останува да се види дали германскиот клуб ќе се согласи на продажба во јануари, или пак ќе биде постигнат договор за летен трансфер, со оглед на фактот дека Упамекано е силен адут на Лајпциг во трката за титулата во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА