Артета го „отпиша“ 27-милионското засилување

Киеран Тирни пристигна во Арсенал во 2019 година во трансфер вреден 27 милиони евра од Селтик, но не успеа да се наметне во составот на „топџиите“, поготово не во ерата на Микел Артета кој повеќе нема трпение за фудбалерот по киксовите во финалниот натпревар против Манчестер Сити во Комјунити Шилдот.

Дваесетишестгодишникот доби зелено светло за преселба, а за неговите услуги се заинтересирани неколку клубови од Англија и Шпанија, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Најголем интерес за Шкотланѓанецот покажа Вест Хем Јунајтед, но бекот пак цели кон преселба во Реал Сосиедад со цел да заигра во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...