Артета: Го сакам овој тим кој ме прави многу горд

Фудбалерите на Арсенал стигнаа до голем триумф на домашен терен од 1-0 против Манчестер сити во дерби натпреварот на 8. коло во англиската Премиерлига.

По мечот менаџерот на на „точчите“ вели дека го обожава овој тим.

„Многу сум горд. Ова беше момент со вистински луѓе, на вистинското место. Знаевме дека мора да изгинеме на терен и го направивме тоа. Потребни ни се вака добри изданија и на нас и на нашите навивачи. Навистина голема победа. Игравме доста добро во вториот дел, бевме агресивни и измените исто така доста помогнаа. Квалитетот кој го покажаа беше врвен. Сити е тим кој ти прави многу проблеми, а ние им го направивме тоа на овој натпревар. Мора да играш мирно и да не дозволиш емоциите да те понесат. Потребни ти се вистинските потези, во вистинскиот моментум. Ја сакам храброста која ја видов. Но, овој резултат е само дел од нашиот пат. Мора брзо да го надживееме овој натпревар и да продолжиме“, изјави Артета.

Се вчитува...