Арсенал триумфираше со 0-1 против Спортинг во Лисабон, благодарение на голот на Хаверц во првата минута од судиското продолжение.
Иако славеа со минимален резултат, по мечот тренерот Микел Артета не го криеше задоволството.
„Секако дека сум многу среќен. Ова беше голема ноќ за нас, важен момент во сезоната, особено во ситуацијата во која се наоѓаме (пораз во финалето на Лига купот и елиминација во ФА купот). Пред натпреварот зборував за идентитетот, за работите што сакам да ги видам на теренот. И го видов тоа. Победивме ривал против кого е многу тешко да се игра. Долго време не загубиле на домашен терен, а тоа е нешто што навистина мора да се заработи на теренот“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

