Арсенал ќе го искористи летото за нови трансфери со кои повторно ќе атакува на првото место во Премиерлигата. Еден од посакуваните фудбалери е Мартин Зубименди, фудбалерот на Реал Сосиедад за кој се очекува да бидат издвоени 60 милиони евра, но Шпанецот нема да биде единствениот фудбалер од средниот ред кој ќе биде новитет во „четата“ на Микел Артета.
Шпанскиот стратег на листата на желби го запишал и репрезентативецот на Јужна Кореја, Канг-ин Ли кој и во минатото беше трансфер мега на „топџиите“, но заврши во редовите на ПСЖ.
Дваесетичетиригодишникот не успеа да се наметне во редовите на „светците“ па незадоволен од минутажата е подготвен за нов трансфер. Но, за да премине во Лондон, Арсенал ќе мора да издвои 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

